Мурињо се откажа, Гризман е на чекор до Барселона

Антоан Гризман се наоѓа се поблизу до трансфер во Барселона, откако Манчестер јунајтед најави дека нема намера да го донесе францускиот интернационалец во своите редови. „Црвените ѓаволи“ би сакале дополнително да ја засилат навалната линија, но Мурињо останал разочаран од односот на Гризман, кој по пропаднатиот трансфер минатото лето (поради трансфер-забраната на Атлетико) и даденото ветување за реализација во 2018 година, во меѓувреме се премислил и седнал на маса со раководството на Барселона.

Англиските медиуми објавија дека самиот Мурињо ги блокирал преговорите ставајќи до знаење дека доколку се реши за нов напаѓач, тоа сигурно нема да биде Гризман. Ваквиот развој на настаните широко ја отвора вратата за преселба на Гризман на „Камп ноу“, со оглед на подготвеноста на раководството на Барселона да плати 100 милиони евра за да го доведе Французинот во своите редови.

Останува само да се види дали овој мега-трансфер би се реализирал веќе во јануарскиот преоден рок, или Барса ќе почека до крајот на сезонава за да го ангажира Гризман за уште помоќен напад на каталонците, крај Меси и Суарез.

Се вчитува...