Мурињо се премисли, веќе не го сака Герет Бејл

Флорентино Перез летово инсистираше на останување на Герет Бејл во Мадрид, но сега и претседателот на Реал го промени својот став и планира да го продаде велшкиот ас назад во Премиер-лигата. Сепак, плановите на Перез се нарушија откако Жозе Мурињо веќе му ставил до знаење дека повеќе не е заинтересиран за доведување на Бејл.

Манчестер јунајтед делуваше најзагреано за овој фудбалер во текот на летото, се споменуваше и сума од 90 милиони евра, но по очајните игри на Велшанецот надополнети со новата пореда веќе и на „специјалниот“ му станува јасно дека ангажманот на овој фудбалер е преголем ризик, за кој реално премногу треба да се плати.

Како што јавуваат шпанските медиуми, Мурињо за ваквиот став веќе го известил и Перез, кому му е јасно дека тешко ќе најде купец што би ја покрил платата на Бејл, камоли некој што би платил над 80 милиони евра за овој фудбалер. Како најреална опција во моментов останува Тотенхем, и тоа во евентуална размена за Хари Кејн или за Деле Али, фудбалери кои се наоѓаат високо на листата со желби на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...