Мурињо се враќа во Милано, Интер ја пречекува „волчицата“

Интер игра во супер форма и речиси и да не постои тим кој може да го запре на патот кон одбрана на „скудетото“. „Нероаѕурите“ својот победнички менталитет го покажаа во реваншот во полуфиналето од Купот на Италија, во кој со убедливи 3-0 го совлада големиот ривал Милан.

Од друга страна, Рома во последните неколку седмици дојде до врвот на формата, затоа што позицијата која води во Лигата на шампионите делува предалеку за составот на Жозе Мурињо. Сепак, „волчицата“ во Неапол (1-1) покажа дека нема да се предаде пред ниту еден ривал, така што Интер може да очекува голем отпор од ривалот од „вечниот град“.

Тимот на Инзаги заостанува два бода зад Милан, па на овој двобој размислува единсвено на победа. Натпреварот меѓу Интер и Рома е закажан за вечерва со почеток од 18. часот.

Се вчитува...