Мурињо шета по Балканот, вечерва гледа Црна Гора – Србија а утре Хрватска – Англија

Еден од најдобрите светски стратези, Жозе Мурињо вечерва во Подгорица ќе го следи натпреварот од Лигата на нации меѓу Црна Гора и Србија кој почнува од 20:45 часот.

Менаџерот на Манчестер јунајтед се одлучи да биде на Балканот за време на паузата поради репрезентативните настапи. Денеска пристигна во Подгорица и веднаш беше „уловен“ на хотелска рецепција… Тој во Црна Гора ќе го следи настапот на Сергеј Милинковиќ – Савиќ но и на дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

А, според информациите, утре во Загреб ќе го гледа и натпревари меѓу Хрватска и Англија.

Се вчитува...