Мурињо си го носи „кралскиот“ војник на „Олд трафорд“?!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака на „Олд трафорд“ да донесе уште едно познато лице со кое соработуваше во минатото. Неговиот „кралски“ војник од Реал Мадрид, дефанзивецот Пепе, би можел да пристигне во Манчестер јунајтед како слободен агент во летниот преоден рок. На него му истекува договорот на „Сантијаго Бернабеу“ и сигурно ќе си замине, а Мурињо ќе се обиде да го убеди да не се пресели во Кина, туку Англија да биде неговата следна дестинација.

Пепе е искусен дефанзивец, кој сигурно одлично би ја пополнил празнината во одбранбената линија на Манчестер јунајтед, посебно откако пропаднаа преговорите со Бенфика за трансферот на Виктор Линделоф.

Се вчитува...