Жозе Мурињо, менаџерот на Тотенхем, во најавата за дербито со Манчестер Јунајтед изјави дека не се согласува со мислењето на неговиот колега Оле Гунар Солскјер дека трофеите не одредуваат успех.
Норвежанецот претходно рече дека за напредокот на неговиот тим не треба да се суди според тоа дали тој ќе освои трофеј оваа сезона, односно Лигата на Европа како единствена шанса. Исто така тој додаде дека опсесијата по освојување трофеи е само „прашање на его“ за некои тренери.
„Тоа е негово мислење. Прилично сум многу сигурен дека неговиот голем шеф, Сер Алекс Фергусон има поинакво мислење на оваа тема. Секако, го почитувам ставот на Солскјер, но мислам поинаку. Секој има право да мисли слободно, да има свои идеи и ако Солскјер мисли така, немам ништо против. Јас ги почитувам сите, но повторувам, верувам дека Фергусон, како најголем во историјата на Премиер лигата, има поинакво гледиште во врска со трофеите“, изјави Мурињо.
На првиот натпревар на овие два ривали на „Олд Трафорд“, тимот на Мурињо, забележаа нереална победа од 1-6. Новиот дуел помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед е на програмата е денес во 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА