Мурињо силно го сака Матиќ, но Рома не дозволува

Српскиот интернационалец Немања Матиќ идната сезона ќе има нов клуб. Тој пред неколку месеци најави дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната, а одамна е познато дека Жозе Мурињо сака да го доведе во Рома.

Португалецот силно го посакува Србинот во своите редови, меѓутоа управата на „волчицата“ не дозволува да биде донесен на „Олимпико“. Тие се за да се донесе некој помлад играч на таа позиција, наместо 34-годишниот Матиќ.

Рома исто така е сериозно заинтересирана за Пауло Дибала, кој наводно ќе биде прва „мета“ во летниот преоден рок. Оваа сезона Матиќ во дресот на Јунајтед одигра 32 натпревари, со четири асистенции и без постигнат гол.

Се вчитува...