Мурињо скапо ќе го чини победата над Динамо – Кејн неизвесен за „топчиите“

Тотенхен славеше во првиот осминафинален натпревар од Лига Европа против Динамо Загреб со 2-0, но победата на избраниците на Жозе Мурињо над хрватскиот претставник скапо може да го чини англискиот состав.

Имено, ѕвездата на лондонскиот состав, Хари Кејн по постигнување на двата гола, поради повреда мораше да го напушти теренот во 84. минута. По мечот Мурињо потврди дека станува збор за повреда на коленото, но „Специјалниот“ верува дека голгетерот ќе биде на теренот против Арсенал и покрај неизвеноста.

„Не верувам дека станува збор за голема повреда. Сите се желни за игра на натпреварот во недела против Арсенал, и ситници нема да го спречат да настапи. Не се секирам, верувам дека ќе биде се во ред“ – изјави Португалецот.

 

Се вчитува...