Мурињо со остра критика за Боели: Мојот Челси го загуби патот, ми беше многу тешко да ги гледам

Жозе Мурињо во вторник со Бенфика ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“, неговиот долгогодишен дом каде направи извонредни резултати за натпреварот од Лигата на шампионите.

Камбекот на „Специјалниот“ во домот на „сините“ предизвика голем интерес па искусниот португалски стратег отворено говреше за својот омилен клуб потсетување се на славните денови.

„Челси. Челси на Абрамовиќ, мојот Челси, Челси кој го изградивме и кој траеше многу години беше победнички клуб. Освои се со мене, а потоа и со Анчелоти, Конте и Тухел. Челси беше победничка машина. Секоја сезона Челси победуваше“, изјави Мурињо кој упати и критика кон новиот газда Тод Боели кој го купи клубот од Русинот во 2022 година.

„Потоа се случија големи промени со луди вложувања и во само неколку години се чини дека го загубија патот. Премногу играчи, премногу милиони, преполн тим и тим без јасна филозофија. Неколку години беше тешко. За некој кој го сака клубот, ми беше многу тешко“

Сепак Португалецот го пофали и Енцо Марекса, предводникот на Челси кој се чини дека чекор по чекор ја склопува сложувалката.

„Марекса чекор по чекор ја склопи сложувачката. Дури и Конференциската лига е фантастично натпреварување за таков тим. Ви го дава првиот трофеј и таа филозофија и култура на клуб која е потребна да победа. Ако не можете Премиерлигата, барем да се освои натпреварување како Конференциската лига. Заминаа за САД и се вратија со трофеј, така да сега имаат добар, многу добар тим“, додаде Мурињо.

Се вчитува...