Мурињо сруши рекорд на Ла Лига!

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 0-3 на „Местаља“ во 12. коло од Ла Лига, а со таа победа, тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето во таа категорија нема поголем процент на победи. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент, но…

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

Ханси Флик – 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)
Жозе Мурињо – 77% (97 победи во 126 натпревари)
Пеп Гвардиола – 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)
Карло Анчелоти – 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та. минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36. минута. Конечните 3-0 ги постави Килијан Мбапе во 75. минута. За мадридскиот тим ова беше осма едноподруго победа во сите натпреварувања.

Се вчитува...