Мурињо сурово искрен – Бејл ќе игра кога ќе заслужи

Многу повеќе се очекуваше од големото враќање на Герет Бејл во Тотенхем, но гласот на незадоволство од фановите и јавноста во Лондон е се поголем, па Жозе Мурињо се’ почесто го остава скапоцениот Велшанец на клупа. Герет по 7 години се врати во Англија, но досега има беше стартер на само два натпревари.

Позајмицата од Реал во Тотенхем му истекува на крајот од сезоната, а веќе уште на половина од истата почна да ја „грее клупата“ и ги разочара фановите. Во однос на скромната минутажа на Бејл, Мурињо беше суров, тој искрено рече дека играчот на Реал ќе игра повеќе кога ќе го заслужи тоа.

“Не можам да им давам минути на играчите. Минутите на теренот не се нешто што можам јас да ги обезбедам, играчите сами треба да се погрижат за да ги заслужат. Знаеме со какви потешкотии се соочи Бејл пред неколку сезони. Знаеме дека дојде повреден. На Герет му треба време”, изјави Мурињо.

Жозе додаде дека за Бејл е најважно да биде доследен на тренинзите, што е услов тој да биде подготвен, а потоа минутите ќе му бидат заработени и овозможени, а не дадени.

Се вчитува...