Мурињо тргна офанзивно, Тотенхем го растури Барнли

Тотенхем конечно ја прекина серијата слаби игри во Премиер-лигата декласирајќи го Барнли со 4-0 во првиот меч во кој Жозе Мурињо собра храброст за ултра-офанзивна формација. „Спарси“ го почнаа мечот со Кејн, Бејл, Сон и Моура, формација што им овозможи уште во првото полувреме да стигнат до предност од 3-0 и да ја осигураат победата.

Тотенхем го отвори резултатот при првиот напад, Сон одлично го проигра Бејл, а велшкиот ас мајсторски ја смести топката во мрежата крај голманот Поуп. Хари Кејн зголеми на 2-0, а дилемите околу победникот ги разреши Моура.

Во второто полувреме „спарси“ успеаја да постигнат уште еден гол, повторно преку Бејл по новата асистенција на Сон.

Се вчитува...