Мурињо во паника, урна нов неславен рекорд!

Екипата на Тотенхем игра очајно во последно време. Нов пораз за тимот на Жозе Мурињо пристигна денес од Вест Хем, па „спарс“ се повеќе се оддалечуваат од врвот на табелата и се борат за Лигата на шампионите.

По 50 натпревари на клупата на Тотенхем, Мурињо ги доживува најлошите моменти во неговата кариера, бидејќи вкупно освои само 81 поен. Претходно, Португалецот имаше многу поголем успех, а неговата статистика по 50 натпревари во другите клубови изгледаше неверојатно добра. Статистиката го покажува следното:

Во Манчестер Јунајтед – 95 поени
Интер – 113 поени
Челзи (втор ангажман) – 114 поени
Реал Мадрид – 123 поени
Порто – 124 поени
Челзи (прв ангажман) -126 поени.

Навивачите на Тотенхем веќе бараат од Мурињо да ја напушти клупата, но тоа би го чинело клубот 40 милиони фунти во овој момент.

Се вчитува...