Мурињо: Заслужив црвен картон, сешто му реков на судијата

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо призна дека заслужено доби црвен картон на мечот со Торино во 15. коло. Португалецот пред крајот на средбата доби црвен картон поради конфликт со судијата.

Неговиот тим во финишот стигна до еден бод, со промашен пенал и погодена пречка. На крајот Матиќ погоди во мрежата на Торино, и освои бод.

„Тоа беше исправна одлука. За зборовите кои му ги кажав на судијата, заслужив исклучување. Разговарав со него после натпреварот и му се извинив. Бев доволно скромен да се извинам. Не сакам да повторам што му кажав, тоа останува приватно. Заслужено бев исклучен“, рече Мурињо.

За натпреварот, Португалецот кажа дека неговиот тим имал две различни изданија, односно едно до 70-тата минута, а едно после тоа.

Се вчитува...