Мурињо: Златан ќе остане со нас и следната сезона

Жозе Мурињо порача на денешната прес-конференција во Манчестер дека Златан Ибрахимовиќ ќе остане во клубот и следната сезона, иако договорот му истекува сега во јуни.

„Тој ќе остане со нас, затоа што почетниот договор беше да дојде на една сезона, а на нас е потоа да одлучиме дали ќе го задржиме уште една. Што значи, гледам дека останува кај нас по оваа негова одлична и успешна прва сезона. Мислам дека Златан ќе биде од клучна важност во следната сезона за нашиот тим“ – истакна Мурињо.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра вкупно 38 натпревари во дресот на Јунајтед постигнувајќи и 26 гола со седум асистенции. На „Олд трафорд“ пристигна откако му заврши договорот со ПСЖ.

Се вчитува...