Мурињо знае што сака: Лукаку и Гризман до Ибрахимовиќ во нападот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, не е задоволен од изданието на неговите напаѓачи оваа сезона. Тој смета дека искусниот Златан Ибрахимовиќ нема поддршка од останатите офанзивци, па сака нешто да промени во летниот преоден рок. Јасно е дека Вејн Руни ќе си замине од „Олд трафорд“, можеби и Антони Марсијал, кој не игра во очекуваната форма, а Мурињо за следната сезона го сака најдоброто што може да се доведе – Ромелу Лукаку од Евертон и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Се разбира, и Златан Ибрахимовиќ да остане најмалку уште една сезона на „Театарот на соништата“.

За овие двајца фантастични напаѓачи, како што информираат медиумите на Островорт, Мурињо и раководството на клубот веќе имаат подготвено 160 милиони фунти. Се чека летниот преоден рок за да се тргне во конкретна акција, а доколку на Манчестер јунајтед му успее овој план, тогаш Португалецот би имал на располагање фантастично трио… Лукаку – Ибрахимовиќ – Гризман.

Се вчитува...