Мусиала повторно колабираше на терен (ВИДЕО)

Нов загрижувачки момент се случи за ѕвездата на Баерн, Џамал ​​Мусиала. Само три дена откако колабираше на натпреварот против Лајпциг, Мусиала повторно се струполи на теренот, овој пат за време на пријателскиот натпревар против Хајденхајм.

Само четири минути откако влезе во игра, Мусиала падна без контакт со противнички играч. Медицинскиот тим веднаш истрча на теренот, а соиграчите и противниците формираа круг околу него. По неколку минути, тој успеа да стане со помош, но изгледаше зашеметен. Веднаш беше повторно заменет и однесен во соблекувалната.

Напаѓачот на Баерн се струполи пред три дена на теренот за време на натпреварот против Лајпциг во Минхен, по што на Алијанц Арената владееше тишина. Соиграчите и противничкиот играч Исмаел Саибари веднаш истрчаа кон него, а медицинскиот тим брзо интервенираше.

Медицинската служба му помогна неколку минути на самиот тревник. Ситуацијата се смири откако член на медицинскиот тим даде знак со палецот нагоре дека Мусиала е надвор од опасност. Потоа играчот сам го напушти теренот, но германската новинска агенција ДПА објави дека изгледал зашеметен кога се упатил во соблекувалната.

Неколку часа по натпреварот, се огласи и членот на раководството на Баерн задолжен за спорт. Тој рече дека најважно е тоа што Мусиала се чувствува добро.

„Главното е што е добро“, кратко изјави претставникот на клубот.

Мусиала одеднаш почна да се затетерува, а соиграчот Исмаел Саибари беше првиот што забележа што се случува и му притрча на помош. Високите температури се наведуваат како една од можните причини, бидејќи во времето на натпреварот во Минхен беа измерени над 30 степени Целзиусови.

Се вчитува...