Фудбалерот на Баерн, Џамал Мусиала, се огласи на својот Инстаграм профил кратко откако се струполи на терен по вторпат за само три дена.
Германскиот репрезентативец неодамна имаше непријатна епизода против Лајпциг кон крајот на натпреварот, а доживеа речиси идентична ситуација и дулот со Хајденхајм.
Тој влезе во игра во 61. минута, а пет минути подоцна беше на земја, речиси во несвест. За среќа, овој пат не претрпе никакви последици, но во пораката што ја испрати до јавноста откри дека има одредени здравствени проблеми.
„Пред се – добро сум! Особено сум благодарен за вашите пораки и поддршка!“, рече тој, осврнувајќи се на своите симптоми во обид да ги смири загрижените фанови:
„Разбирам дека многумина од вас се загрижени. Сакам да ве уверам и да објаснам за што станува збор: Дијагностицирани ми се привремени, краткотрајни, но лесно лечливи епилептични напади од типот на отсуство, кои се резултат на невролошка дисфункција. Тие можат да доведат до епизоди како овие што се случија неодамна, како оној против Лајпциг и сега во Хајденхајм“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
