Муслиу: Добро се познаваме со селекторот Милевски…, верувам дека ќе продолжиме со позитивните резултати во квалификациите

Централниот дефанзивец Висар Муслиу посочува дека македонската репрезентација мора да продолжи со успешните резултат низ актуелниот квалификациски циклус за пласман на СП 2022.

По три меча во групата Македонија со шест бода е на втората позиција. Сега мора да се продолжи во ист ритам ако се сака останување во игра за водечките две позиции.

„Најпрво мора да кажам дека задоволство ми е што повторно сум во репрезентацијата и по настапот на ЕП. Мислам дека добро стартувавме во квалификациите за СП, па сега само треба да продолжиме во тој стил. Сега сме со нов стручен штаб, нови идеи, нови планови, но добро се познаваме со селекторот од У-21 и со начинот на работа па верувам дека многу брзо ќе влеземе во ритам. Првиот натпревар ни е против Ерменија, селекција со која многу добро се познаваме. Сепак, мислам дека ова ќе биде многу поразличен натпревар од оние претходните, па треба мудро да се пристапи ако сакаме победа“ – вели Муслиу.

Се вчитува...