Муслиу: Професионалци сме, ја претставуваме државата и ќе играме до крај со мотиви за победа

Централниот дефанзивец Висар Муслиу, без разлика што натпреварот за Македонија против Холандија во последното коло од Групата Ц нема значење околу останувањето на ЕП, вели дека како вистински професионалци ќе се игра до крај со желба за први бодови на евро-шампионатот.

„Нормално е дека сме малку разочарани од резултатите затоа што посакувавме и очекувавме повеќе. Но, мотивирани сме пред Холандија, ние сме професионалци, ја претставуваме државата, и ќе играме до крај во желбата за победа. Холандија е исклучително силна репрезентација, без разлика во каков состав ќе игра, па единствено со тимска игра можеме да ги победиме. Знаеме дека ќе играат офанзивно а наше ќе биде со цврста игра на средината и преку контранапади да се обидеме да ги изненадиме“ – вели Муслиу.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија во 3. коло од Групата Ц се игра во понеделник (21. јуни) од 18 часот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Се вчитува...