Муслиу: Салцбург е европски тим, а и ние мораме да играме ‘поевропски’

Македонскиот првак Шкендија утревечер (20.15 часот) на арената „Филип Втори“ во Скопје ќе го пречека австрискиот шампион Салцбург со надеж дека сепак може да ја анулира големата негатива (0-3) од првиот меч, во рамките на третото коло од Лигата на шампионите. Како што вели репрезентативецот Висар Муслиу, фудбалерите на Шкендија ќе го дадат својот максимум во обидот да направат сензација.

„Направивме неколку грешки на минатитот меч и тоа ќе треба да анулираме на реваншот. Го анализиравме претходниот настап. Мислам дека ни недостигаше малку европски шарм. Салцбург е секако европски тим, со завиден квалитет. Минатата сезона играа во полуфиналето на Лигата на Европа, но ние исто така имаме свои адути и големи мотиви да се претставиме во добро издание“, изјави Висар Муслиу.

Се вчитува...