Муслиу: Важен триумф во Струмица за уште поголема предност пред конкурентите

Лидерот Шкендија успешно ја заврши и мисијата на гостувањето во Струмица, совладувајќи го составот на Академија Пандев со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок за тетовци беше репрезентативецот Висар Муслиу. Со удар со глава во 30.минута успеа да ја затресе противничката мрежа.

„Ова е многу важен триумф за нас, успеавме и да ја зголемиме предноста во однос на конкурентите. Среќен сум што покрај добро завршената задача во одбраната успеав да бидам и стрелец на победничкиот гол. Но, најважно е што Шкендија освои нови три бода. Се надевам дека во ист стил ќе продолжиме и на наредните натпревари, се до исполнување на целта“, изјави Висар Муслиу за официјалниот сајт на клубот.

Шкендија во следното коло ќе го игра градското дерби против Ренова.

Се вчитува...