Мусовски остана без заб по дуел со противник (ВИДЕО)

Новиот македонски репрезентативец Дени Мусовски доживеа малерозен и бизарен момент на последниот натпревар за својот клуб Сиетл Саундерс.

Иако Мусовски ја доби довербата на тренерот и го започна натпреварот во почетниот состав, неговиот настап траеше само 12 минути. На самиот почеток од средбата, македонскиот напаѓач имаше силен судир со глава со противнички фудбалер, по што веднаш падна на тревникот.

Медицинскиот тим експресно реагираше, а од видеоснимките и фотографиите од теренот се гледа дека Мусовски го загуби предниот заб како последица од силниот удар. Поради сериозноста на повредата и протоколите за потрес на мозокот, тој мораше предвреме да го заврши натпреварот.

Се вчитува...