Мусовски стрелец, но Сиетл го заврши настапот во ЛШ на Северна и Средна Америка (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дени Мусовски имаше нов одличен настап за својот Сиетл Сандерс, но МЛС тимот сепак го заврши својот настап во Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка.

Тие синоќа славеа на домашен терен против мексиканскиот великан Тигрес со 3-1, но поразот во првиот меч од 2-0 (тука се уште важи гол во гости) беше доволен за тоа МЛС франшизата да го заврши својот настап.

Мусовски беше стрелец на вториот гол за својот тим во 48. минута. Македонецот настапот во Лигата на шампионите го заврши со два постигнати гола.

 

Се вчитува...