МВП Чавдар Костов: А сега – титула!

Чавдар Костов сосема оправдано беше избран за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија. Бугарскиот интернационалец блесна кога беше најважно, самиот направи пресврт на почетокот од второто полувреме и заслужено го доби признанието за најкорисен кошаркар на овој фајнал-ејт турнир.

„Одигравме онака како што ни доликува, пред се во второто полувреме во кое направивме пресврт и заслужено победивме. Сепак, тука не застануваме. Сега одиме по титула, тоа е единствената опција за нас“ – оптимистички порача Костов по завршувањето на финалето.

Се вчитува...