МЗТ Скопје го освои 13. Куп трофеј во својата историја славејќи на овогодинешната Ф8 завршница која се одржа во салата „26ти Април“ во Гевгелија.
На патот до финалето аеродромци забележаа триумфи над Работнички, Пелистер и Кожув, а еден од најдобрите играчи во „сино-белиот“ состав беше крилниот центар Андреј Маслинко кој се закити со МВП признанието. 27-годишникот не се задоволува само со овој успех, како што вели, следен на листата е овој во првенството.
„Овие три дена одигравме феноменално. Се одиграа три средби во три дена, немаше многу простор ниту да се подготвиш, ниту да се одмориш. Битен е тимскиот учинок, затоа и дојдовме тука. Следната наша цел е шампионската титула“, изјави Маслинко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА