МВП Милошевиќ: Оваа екипа има неверојатно срце, чест ми беше да играм за МЗТ Скопје

Немања Милошевиќ најдоброто од себе го сочува за самиот крај од сезоната, откако крилниот центар доминираше во завршните пресметки со Пелистер и заслужено го доби признанието за МВП во финалната серија.

Тој го заврши денешниот четврти меч од финалето со фантастични 31 поен, шест скока и четири украдени топки, помагајќи да се направи „брејк“ и титулата да се запечати на гостински терен во Битола.

„За нас ова беше одлична сезона, крунисана на најдобар можен начин – со освојување на титулата. Честитки до тренерите, играчите и целокупната управа на МЗТ Скопје. Мене ми беше чест да бидам дел од оваа екипа, која има далеку поголемо срце од сите останати. Голема благодарност и до навивачите кои ни даваа голема поддршка на секој натпревар“, истакна Милошевиќ за ЕКИПА.

Се вчитува...