МВП Модриќ: Ова ми е најдобра година во кариерата

Кристијано Роналдо го постигна голот за победа на Реал Мадрид во големото финале против Гремио, но МВП-наградата заслужено заврши во рацете на Лука Модриќ. Хрватскиот ас одигра фантастично на двете средби на „кралевите“ во Абу Даби, па апсолутно заслужено се закити со големото признание.

„Ова беше одлична година, слободно можам да кажам најдобра во мојата кариера. Горди сме што освоивме уште еден значаен трофеј. Мило ми е за наградата што заврши во мои раце, но најважен од се е трофејот на клупскиот мундијал, оној колективниот“ – истакна Модриќ.

Во последните месеци се погласно се шпекулира дека Модриќ би можел да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и да се врати во Премиер-лигата, но искусниот играч за врска тврди дека тоа нема да се случи.

Горд сум на се што остварив и сакам да продолжиме во ист стил. Сакам да продолжам да освојувам трофеи со Реал Мадрид, се останато се новинарски шпекулации. Следна цел ми е да се вратиме во ритам во Примера и да ја одбраниме титулата во шпанското првенство“ – порача хрватскиот генијалец во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...