МВП на гости кај репрезентативците (фотогалерија)

Македонските кошаркарски репрезентативци ги продолжуваат тренинзите за претквалификациите за СП 2019, а во текот на денешниот ден избраниците на Јорданчо Давитков имаа и гости – членовите на младинската школа МВП кои на враќањето од кампот во Струга имаа кратка средба со своите кошаркарски идоли.

Капитенот Војдан Стојановски ги предводеше „црвено-жолтите“ на запознавање со децата, а по краткиот разговор и неизбежните фотографии кошаркарите им се вратија на обврските кон тренинзите, а членовите на МВП задоволни се упатија назад кон Скопје.

[new_royalslider id=”708″]

Се вчитува...