МВП партија на Јокиќ против Оклахома, пораз на Лејкерс без Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс и се реваншираа на Оклахома сити тандер за поразот од неделата откако изминатата ноќ славеа на гостински терен во еден крајно интересен натпревар со 127-140.

Никола Јокиќ одигра нова МВП партија завршувајќи го мечот со 35 поени надополнети со 18 скока и осум асистенции. Кај поразените Лугенц Дорт заврши со 26 поени.

Во првиот натпревар без Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс загубија на гостувањето кај Бруклин нетс со 111-108. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Торонто – Вашингтон 119-104, Мајами – Шарлот 102-105, Бостон – Јута 114-108, Атланта – Филаделфија 132-123, Мемфис – Феникс 120-118, Хјустон – Орландо 97-84, Чикаго – Индијана 121-103, Сан Антонио – Далас 129-133, Голден Стејт – Портланд 130-120 и Сакраменто – Њујорк 104-133.

Се вчитува...