Кошаркарскиот клуб МВП Скопје успешно го организираше летниот камп, со кој членовите на овој спортски колектив ја заокружија оваа сезона, најуспешна во клупската историја.
Над 150 деца поделени во две смени имаа можност да уживаат во перфектните услови во ексклузивниот „Кронвел ресорт“ во Платамона, на исто место да се релаксираат на плажа, во базен и аква-парк, но и да тренираат кошарка на теренот што е дел од самиот комплекс.
Беспрекорната организација и грижа за децата, нешто што го краси овој клуб од самото формирање, на дело и на овој камп во Грција, каде се беше поставено на највисоко можно ниво.
Покрај вообичаените тренинзи, имаше и натпревар во шут, потоа караоке, пантомима и уште многу начини на забава кои го направија овој камп незаборавен за сите дечиња кои дојдоа и беа дел од него.
МВП Скопје е клуб што неодамна прослави 10 години од своето постоење, крунисани со титула во М14 конкуренцијата, без ниту еден пораз до трофеј и епитет – шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

























