МВП Циндриќ: Оваа титула многу ни значи, нема да разочараме и против Кил

Вардар ја одбрани титулата во СЕХА – лигата, а хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ уште еднаш го покажа целиот свој раскошен потенцијал и заслужено го доби признанието за МВП играч на Ф4 турнирот. Тој вели дека оваа титула многу значи за „црвено-црните“, а ќе биде дополнителен мотив и пред дуелите со Кил во Лигата на шампионите.

„Среќни сме поради одбраната на трофејот во СЕХА – лигата. Загреб ППД беше одличен ривал, се држеше силно се до самиот крај, и тоа дава уште поголем сјај на нашиот триумф.  Оваа титула навистина многу ни значи, а се надевам дека нема да разочараме и против Кил, во четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите“, изјави Лука Циндриќ по финалниот меч со Загреб ППД.

Се вчитува...