MВР го потврди инцидентот: „Чкембари“ ги нападнале навивачите на Охрид

Вистински хаос се случува во Битола по срамниот пораз на Е. Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија од екипата на ГРК Охрид.

Најреволтирани се навивачите на битолчани, „Чкембарите“ кои направија вистински хаос во Битола, откако вечерва на социјалните мрежи протече видео како тие напаѓаат комбе со однапред подготвена заседа на регионалниот пат кај Битола.

Денеска дојде потврда од Министерството за внатрешни работи дека нападот се случил на патот Прилер-Ресен, а биле нападнати навивачи на ГРК Охрид.

„На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави“, се вели во билтенот на МВР.

Се вчитува...