МЗТ Скопје е првиот полуфиналист на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во четвртфиналето славеше против Кожув со 80-68. Десеткратниот освојувач на натпреварувањето влезе расположено во натпреварот, рано стигна до висока предност, а истата ја задржа и до крајот.
Отварањето на натпреварот му припадна на МЗТ Скопје кој благодарение на високата реализација за три поени успеа да стигне до убедлива предност. Кожув немаше одговор за расположениот Миќовиќ, а пак „сино-белите“ успеаја да го заштитат рекетот па по 10. минути игра имаа предност од 28-18. Како што одминуваа минутите опадна реализацијата на МЗТ Скопје, а тоа го искористи Кожув со поените во транзиција преку Гордон за 34-26, но одбраната на избраниците на Николиќ продолжи да биде на врв на својата задача. Во ритам влегоа браќата Стојановски па аеродромци ја зголемија предност на 49-33 на полувремето.
МЗТ Скопје продолжи да го диктира темпото и во второто полувреме. „Сино-белите“ ги лимиитираа поените во транзиција, успеаја да го исконтролираат и скокот па и покрај тоа што не продолжија во висок ритам во нападот успеаја да ја задржат високата предност (65-45) пред последните десет минути кои беа само формалност.
Вер и Дамјан Стојановски со по 19 поени на кои бекот додаде и 11 асистенции беа лидери на МЗТ Скопје, додека нив ги следеше Миќовиќ со 16 поени и 6 скока. Со 19 поени Гордон беше најрасположен кај Кожув, Јузбашиќ мечот го заврши со 11 поени и 8 скока, а двоцифрен со 10 поени беше и Братож кој реализираше и 6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА