МЗТ блесна, па Крка добро си го ’окрка’ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога се игра за опстанок, тогаш нема пардон – за никого, а не за Крка, која е еден од директните конкуренти за МЗТ Скопје Аеродром за бегство од опасната зона на табелата во АБА – лигата. „Металците“ го кршеа отпорот на Крка две четвртини, но потоа блеснаа во полн сјај, па словенечкиот тим добро си го ’окрка’ во „Јане Сандански“. Убедливиот триумф (89-65) е одличен за зголемување на самодовербата пред новите предизвици кои претстојат.

Следниот викенд МЗТ се сели на домашна сцена и ќе го брани трофејот во Купот на Македонија на турнирот во Кавадарци.

[new_royalslider id=”502″]

Се вчитува...