МЗТ брка трета победа во АБА2

Кошаркарите на МЗТ Скопје одлично ја стартуваа сезоната во АБА2, триумфирајќи на воведните две средби дома со Слобода Тузла и на гостински терен против Спарс. Згуснатиот распоред на натпревари продолжува, па „металците“ по саботниот триумф во Гевгелија над Кожув денеска повторно имаат меч од АБА2, на домашен терен против Рогашка.

Словенечкиот претставник во минатото коло го претрпе првиот пораз, на домашен терен од Широки Бријег, но тренерот Ѓорѓи Кочов предупредува дека Рогашка е квалитетен состав што не смее да се потцени.

„Рогашка летово формираше сериозен тим со искусни кошаркари, ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, а имаат и добар Американец на центарската позиција. На првите две средби покажаа дека сигурно ќе бидат меѓу екипите кои ќе се борат за врвот на АБА2, која сезонава е далеку поизрамнета. На нас е да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани, ако го сториме тоа ќе може да се надеваме на позитивен исход“ – изјави Кочов.

Се вчитува...