МЗТ е на чекор до титула: Пелистер не знаеше што го снајде во Аеродром

МЗТ Скопје го прегази Пелистер и ја врати предноста во финалната серија откако славеше во третиот натпревар со 86-62. Аеродомци одиграа одлично во одбраната, го приморија противникот на 28 изгубени топки од кои 21 во првото полувреме, реализираа во висока успешност во нападот (отсто од поле и отсто за три поени) и ги решија дилемите за победник веќе по првите 20. минути со што се најдоа на победа до деветтата титула.

Натпреварот започна во изедначено темпо и игра „кош за кош“ во која добриот проток на топката носеше лесни поени за двата тима. А, при резултат 18-17 иницијативата ја превзема МЗТ Скопје кој влезе во серија преку расположениот Милошевиќ. Црногорецот постигна осум поени до крајот на мечот за 28-19 по 10. минути игра. Одличниот ритам на „сино-белите“ продолжи и на отварањето на второто полувреме во кое во серија за три поени влезе и Робев, фактор на мечот продолжи да биде и Милошевиќ па домашниот тим стигна до предност од 17 поени (39-22). Тајм-аутот на Илиевски не вроди плод, Пелистер продолжи да губи топки во нападот, а МЗТ Скопје продолжи да ги користи „поклоните“ на противниците за лесни поени за превисоки 54-27 на полувремето.

Отварањето на второто полувреме не донесе драстични промени на паркетот. Пелистер ја подобри играта во нападот и стигна до отворени обиди за три поени, но не успеа истите да ги реализира, а тоа знаеше да го искористи МЗТ Скопје кој продолжи со контролата во рекетот, реализираше зад линијата 6,75 па стигна до позитива од 36 поени (66-30). До крајот на третата четвртина „зелено-белите“ најдоа решение под обрачот на противникот и го искористија и опуштањето на противникот па ја намалија негативата на 74-42, но истиот дел го отсликаа немили сцени откако гостинските навивачи влегоа во судир со полицијата. Последната четвртина беше само формалност во која двата тима ги штедеа силите за следниот натпревар кој е во етерот веќе во петок во „Боро Чурлевски“ каде МЗТ Скопје ќе ја има првата меч топка за продолжување на доминацијата во македонската кошарка.

Со 23 поени и 7 скока лидер на МЗТ Скопје беше Немања Милошевиќ, а по 14 додадоа Војдан Стојановски и Хуан Дејвис на кои Македонецот додаде 5 асистенции, а Американецот 6 скока. Игор Кесар и Давид Хогтон со по 15 поени и 5, односно 7 скока го предводеа Пелистер.

Се вчитува...