МЗТ победува и кога не игра добро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје останува со стопроцентен ефект во новата сезона, во четвртото коло од АБА2 бележејќи ја и четвртата победа во низа.

Борац Чачак на хартија треба дабиде еден од најсериозните ривали на „металците“, а српскиот тим на терен покажа дека навистина поседува квалитет, но му недостига искуство и воиграност за да го издржи завршниот притисок. МЗТ го имаше токму тоа, па заигрра најдобро кога беше најважно, во самата завршница се одлепија и потоа знаеја како да ја задржат тешко стекнатата предност.

Проблеми во играта имаше многу, доволна потврда за тоа е бројката од 21 загубена топка, но за „металците“ е од исклучителна важност што почнаа да победуваат и на натпревари на кои играат слабо. Тоа ќе им биде од голема помош во обидот да се вратат онаму каде што припаѓаат – во елитното друштво на АБА.

Јасно е, сезоната ќе биде долга, но овие четири стартни победи се добар почеток…

Се вчитува...