МЗТ побегна од Работнички – Бламажа во Струга на актуелниот шампион

Последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната донесе и вистинска сензација во Струга каде „фенерџијата“ Црн Дим стигна до втората победа во сезоната, триумфирајќи над МЗТ Скопје со 90-88. Домаќините се покажаа како одличен противник, успеаја да му парираат на актуелниот шампион во целиот натпревар и со поените на Настовски на пет секунди пред крајот на натпреварот ставија крај на серијата од 19 порази во низа.

Неизвесниот натпревар проследен со висока реализација двата тима го наговестија уште од самиот старт. Црн Дрим успеа да го исконтролира скокт во првото полувреме па постојано ја одржуваше предноста, додека МЗТ Скопје парираше преку играта во рекетот за по 20. минути игра на семафорот да стои предност за домаќинот од 48-42.

МЗТ Скопје продолжи со одличното темпо и на отварањето на второто полувреме во кое аеродромци ја вратија предноста на својата страна. Избраниците на Радуловиќ постигнаа 30 поени во третата четвртина, наспроти 18 на стружани со што во одличувачката четвртина влегоа со предност од 66-72. Домаќинот не се предаде, напротив одигра одлично во одбраната, го сведе сеуште актуелниот шампион на само два поени во последните три минути и 45 секунди и стигна до победа на пет секунди пред крајот.

Светозар Стаменковиќ беше првото име во редовите на Црн Дим со 21 поен и 7 скока, додека Александар Соколовиќ додаде 17 поени и 5 асистенции. Предводник на МЗТ Скопје беше 20 поени и 5 скока беше Андрија Бојиќ, додека него го следеше Хасани Гравет со 18 поени и 7 асистенции.

Со овој пораз МЗТ Скопје ќе го заврши регуларниот дел од сезоната на четвртото место на табелата со што избегна можна пресметка со Работнички во полуфиналето од разигрувањето за титула. За Црн Дрим пак и покрај тоа што има само две победи во сезоната, остануваат надежите за изборување на место во „елитата“ и следната сезона преку плеј-аут дуелите.

Се вчитува...