МЗТ Скопје Аеродром го официјализираше трансферот на Филип Бакоч кој потпиша едногодишен договор со тимот од „Јане Сандански“. Крилниот центар во февруари годинава првпат беше дел од подготовките на националниот тим на Македонија, но не доби шанса за настап на средбите против Естонија и Русија. Доаѓа од тимот на Еуроникел, а има играно уште и во АВ Охрид и во Карпош Соколи, со кој има настапи и во АБА и БИБЛ лигите.
Засилување има и во стручниот штаб, кој од денеска е посилен за доскорешниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ, кој во иднина ќе ја има функцијата помошник на првиот стратег Кочов. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром од сезоните 2006/07 и 2008/09, кој во играчката кариера настапуваше уште и за Никол Ферт, Поло Трејд, Тоа сум јас, Фени индустри, Кожув, Куманово и Вардар, каде што во последните пет години работеше прво како асистент, а потоа и како прв тренер.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со нашиот клуб. За талентираниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во Аеродром, каде што првпат дојде во август 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА