МЗТ Скопје без Бојан Трајковски против Будуќност?!

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров се соочува со сериозни проблеми во пресрет на дуелот против Будуќност, откако покрај Минчев на повреда се пожали и репрезентативецот Бојан Трајковски. Крилниот центар веќе извесно време влече незгоден проблем со мускулот на ногата, но болката во последно време станува се посериозна. Тој настапи повреден и против Будуќност и против Гостивар, но во последните два дена воопшто не тренира со остатокот од тимот.

„Металците“ се во исчекување на резултатите од деталните лекарски прегледи, но голема е веројатноста дека Трајковски нема да биде ризикуван, се со цел да биде одморен за следните натпревари.

Воедно, оваа повреда речиси сигурно ќе го оддалечи Трајковски и од настап за македонската репрезентација во претстојните квалификации за ЕП 2021 против селекциите на Словачка и на Швајцарија.

Се вчитува...