МЗТ Скопје без Лалиќ на вечното дерби?

МЗТ Скопје претрпе очекуван пораз на гостувањето против Цедевита, но многу посериозен проблем за тренерот Александар Тодоров претставува повредата на Јуре Лалиќ. Стартниот центар на „металците“ се повреди уште при загревањето и воопшто не влезе во игра, а крајно неизвесно е дали тој ќе може да настапи на вечното дерби со Работнички закажано за среда.

Ни се случи тој малер со Лалиќ, па решивме да не ризикуваме со него и да одиграме со помала ротација под обрачите. Распоредот е пеколен, в среда играме важен меч во домашното првенство, а потоа во АБА го пречекуваме Морнар, ќе видиме дали и колку тој ќе може да ни помогне на овие две средби“ – изјави Тодоров.

Бојан Трајковски барем привремено ги надмина проблемите со мускулот што го мачеа извесно време, тој ќе настапи против Работнички и Морнар, а потоа би можел да замине на операција за целосно да ја санира повредата.

Се вчитува...