МЗТ Скопје брка триумф над Крка за бегство од дното

МЗТ Скопје конечно врза две победи во низа во АБА-лигата, но членовите на македонскиот првак не планираат да застанат тука. „Металците“ денеска точно на пладне го играат новиот меч од регионалното натпреварување, и тоа на домашен терен против директниот ривал во битката за опстанок Крка. Словенечкиот состав во минатото коло неочекувано загуби на домашен терен од Мега лекс, па со разнишана самодоверба допатува во Скопје.

Ова е многу важна средба за нас, мораме да покажеме авторитет на паркетот и со силен притисок да не му дозволиме на противникот да се разигра. Крка е тим што игра брза кошарка и во кој многу работи зависат од шутот од надворешните позиции и контранападите. Тоа е она што ќе треба да го спречиме, да играме сконцентрирано во нападот, да го контролираме скокот. Имаме индивидуални предности, тоа дефинитивно е играта под обрачите“ – изјави тренерот Анте Назор.

Во првиот натпревар меѓу овие два тима МЗТ Скопје во поголемиот дел беше рамноправен ривал, за на крајот да загуби со 97-87.

Ова е натпревар на сезоната за нас, нема потреба да навлегувам во детали колку ни е важна победата на оваа средба. Последната победа над Унион Олимпија ја крена самодовербата кај сите во тимот, но јасно ни е дека таа треба да биде потврдена во пресметката со Крка. Треба да ја сопреме транзицијата и брзата игра на противникот, како и да ги сведеме на минимум нивните најдобри играчи Ребец и Луковиќ“ – истакна Ѓорѓе Дреновац.

Се вчитува...