МЗТ Скопје го доби братското дерби со МЗТ Скопје 2 откако славеше на „гостински“ терен со 76-99. „Постариот брат“ беше подобриот противник од самиот почеток па до крајот на натпреварот, ја користеше предноста во висина во рекетот каде постигна 64 поени и сосема заслужно стигна до четвртиот триумф во низа.
Благодарение на подобрата реализација во која беа погодени првите шест од седум обиди од поле, избарниците на Дарко Радуловиќ ја превземаа контролата на резултатот уште од воведните минути, а покрај тоа што „штрчкињата“ во неколку наврати се вратија на негатива од еден напад, „поискусниот“ тим ја задржа „комотната“ предност по 10. минути игра (20-27). Гостите на почетокот на втората четвртина стигнаа и до двоцифрена прендност, но зонската одбрана на домаќините вроди плод по што беше сопрен течниот напад на МЗТ Скопје. „Штркчињата“ на спротивната страна стигнаа и до лесни поени па за момент ја вратија и неизвеноста (29-33). Тајм-аутот на Радуловиќ вроди плод, а со влезот на Милошевиќ на паркетот, МЗТ Скопје доби и стабилност на двата дела од теренот. Црногорецот одлично се снајде во рекетот на противникот па гостите ја вратија двоцифрената предност (35-46) на полувремето.
Нападот на МЗТ Скопје со Милошевиќ и Крстевски на високите позиции продолжи да создава проблеми во одбраната на „штркчињата“ па избраниците на Радуловиќ стигнаа и до предност од 18 поени (38-56) на отварањето на второто полувреме. Како што одминуваа минутите и МЗТ Скопје 2 најде пробив во рекетот на гостите па високата негатива ја сведе на -13 (61-74) по 30. минути игра. На почетокот на последната четвртина гостите ја зацврстија одбраната, а изгубените топки и промашените обиди на противникот ги користеа на спротивата страна за враќање на високата предност и крај на сите дилеми за денешниот победник.
Максим Митевски беше првото име кај домаќините со 19 поени, а него го следеа Михаил Наумоски со 16 поени и Лука Петровски со 12. Немања Милошевиќ беше енигма за „штркчињата“ на денешниот натпревар. Црногорецот го предводеше МЗТ Скопје со дабл-дабл од 26 поени и 10 скока за 17 минути поминати на паркетот, а Роберт Рикиќ додаде 17 поени и 12 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА