МЗТ Скопје го доби „братското аеродромско дерби“

МЗТ Скопје во братското дерби како увертира на второто коло во кошаркарската Суперлига го совлада МЗТ Скопје 2 со 108-77.

Вториот тим на МЗТ Скопје одлично го отвори мечот. Во првата четвртина младите момчиња на Крстевски не само што одлично му парираа на противникот, туку  по десет минути успеаја да заминат со предност од (22-24). Во вториот период условно домаќините уфрлија во повисока брзина и со одлична игра во фазата на напад во која успеаја да постигнат 33 поени, на полувреме отидоа со предност од плус 11 (55-40).

Во второто полувреме продолжи да расте предноста на домаќините, а во финишот на третата четвртина за првпат стигнаа и до плус дваесет 82-62. До крајот на мечот разликата само се зголемуваше за конечни 108-77.

Прво име во победничкиот табор беше Андреј Маслинко со уфрлени 27 поени, надополнети со 15 скока, а одличен беше и Магдевски  кој постигна 21 поен. Кај поразените се истакнаа Тодоровски со 19 поени.

Се вчитува...