МЗТ Скопје го отпушти Кочов!

Ѓорѓи Кочов од денеска повеќе не е тренер на МЗТ Скопје откако управата на „металците“ донесе одлука да се раздели од младиот стратег. Како пресуден се покажа вчерашниот катастрофален пораз од Академија ФМП, по што беше донесена конечна одлука за смена во „Јане Сандански“.

Кочов подолг период беше предводник на „син0-белите“, каде стана прв тренер по заминувањето на Лукајиќ, освојувајќи неколку трофеи на чело на МЗТ, но не успевајќи да ја оствари големата желба – да го врати тимот во АБА1 лигата.

„Точно е дека Кочов повеќе не е тренер на првата екипа. Верувавме во овој стратег, му дадовме голема доверба во изминатиот период, но сметаме дека дојде моментот кога ќе мораме со друг тренер да се обидеме да ги исполниме зацртаните цели“, изјави за ЕКИПА директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров.

Предводник на екипата на МЗТ во наредните денови ќе биде досегашниот помошник на Кочов, Дарко Радуловиќ.

„Радуловиќ е привремено решение, а во меѓувреме очекувам да најдеме сериозно тренерско има како перманентен наследник на Кочов. Моја желба секогаш е да имаме домашен стратег, но приоритет во овој момент сепак ќе биде квалитетот, да биде донесен тренер што ќе може веднаш да го крене тимот и да донесе позитивно влијание и во играта и во резултатите“, истакнува Грнчаров.

Се вчитува...