МЗТ Скопје го „преслуша“ Куманово

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром без поголеми проблеми го совлада Куманово со 75-58 во првиот меч од четвртото коло од Суперлигата.

„Штрковите“ уште од самиот старт го диктираа темпото. По 10 минути имаа предност од седум поени (24-17), а на полувреме заминаа со позитива од плус четиринаесет (46-32). Гостите подобро го отворија второто полувреме добивајќи ја третата четвртина со шест поени, по кои по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 61-53. Работите се вратија на свое место во последниот период во кој актуелниот шампион на Куманово му дозволи само пет поени, за конечен триумф од 75-58.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше прво име во победничкиот табор, а одлични беа и Кристијан Николов кој мечот го заврши со 15 поени и 7 асистенции, Бојан Крстевски кој запиша 14 поени, како и Андреј Магдевски кој имаше 12 поени, надополнети со 4 асистенции и 9 скока. Кај Куманово Давид Миладиновиќ уфрли 14 поени, а Марковски запиша 12 поени.

Се вчитува...