МЗТ Скопје ја „демолираше“ Академија ФМП

Во заостанатиот натпревар од 6. коло во Првата кошаркарска лига, МЗТ Скопје убедливо славеше против Академија ФМП со 95-61.

„Металците“ од самиот почеток се стекнаа со предност која само ја зголемуваа низ текот на натпреварот. Во третата четвртина и дефинитивно беше скршен отпорот на противникот, откако тимот од Аеродром ја доби со 27-12.

Шанса на натпреварот кај МЗТ Скопје добија буквално сите расположиви кошаркари, од кои десет се запишаа во листата на стрелците. Најефикасни беа Мекиќ и Крстевски со 17 постигнати поени, а со 15 поени мечот го заврши Дамјан Стојановски. Во поразениот тим Харис заврши со 13 поени и седум скока.

За МЗТ Скопје ова беше дванаесетти натпревар сезонава, запишувајќи ја и осмата победа.

Се вчитува...