МЗТ Скопје ќе ја пријави и втората екипа во Првата лига

Управата на МЗТ Скопје го обезбеди неопходниот буџет за и втората екипа на „сино-белите“ од Аеродром да биде дел од елитното друштво во новата сезона.

Младиот состав на МЗТ предводен од тренерот Крстевски оствари извонреден успех минатата сезона, триумфирајќи во Втората лига. Проектот на Крстевски, младите играчи да се развиваат и да ја добиваат потребната минутажа, за потоа како „готов продукт“ да продолжат во првиот тим на МЗТ, наиде на разбирање кај раководството на „сино-белите“.

Во текот на летово беа водени бројни разговори на оваа тема, проблем беа парите, но на крајот успешно е обезбеден буџет за младите кошаркари на МЗТ да добијат шанса да ги одмерат силите со најдобрите екипи на мак-баскет сцената.

Се вчитува...