МЗТ Скопје не дозволи изненадување против ФМП Академија

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром не дозволи изненадување против ФМП Академија која минатото коло го совлада најтрофејниот кошаркарски колектив во земјата Работнички. „Металците“ во шестото коло беа подобри од новајлијата во елитата со 78-62.

Првите две четвртини домаќините ги добија со по пет поени разлика, што беше доволно на полувреме да заминат со предност од 41-32. Третиот период заврши егал, што значеше дека шампионот во последните 10 минути влегува со предност од плус девет 57-48. Во последната четвртина „штрковите“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 78-62.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дамјан Стојановски со уфрлени 18 поени, надополнети со пет скока и четири асистенции, додека Бојан Крстевски мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 17 поени и 12 скока. Кај ФМП Академија се истакна Херис со 15 поени.

Се вчитува...